НАРАЧАНИ дефекти во РЕК Битола, милиони се пумпаат во странство

Хроника

После скандалите со Блок 1 и Блок 3, сега откажа и Блок 2 во РЕК Битола. Целта е да нема домашно производство, за да се набавува прескапа струја од странство и да се земаат дебели провизии од таа полулегална трговија. Надлежните јавуваат за повторен проблем и исфрлање на Блок 2 надвор од системот откако ноќеска во 2:45 бил ставен на мрежата на електроенергетскиот систем.

Според информациите, блокот 2 откажал утрово и во моментов РЕК Битола повторно работи само со еден термален блок. Третиот е сеуште вонфункција поради наводен дефект, како последица од „случаен“ пожар.

Од ЕСМ се уште се молчи. Од таму утрово само соопштија дека на депонијата има доволно јаглен и дека стручниот тим работи на оспособување на трафостаницата на блок3 кој беше оштетен во пожарот пред десетина дена.