ФИЛИП Петровски со обвинувања за Богојески

Изјави

Во вчерашната емисија на т.н. новинар Васко Ефтов именувана како „ВО ЦЕНТАР“, гостин беше ликот Филип Петровски, познат на политичката сцена како „Џoни шетaчот“, алудирајќи на неговата постојана промена на членството во десет политички партии.

Филип Петровски изјави десетици клевети против активисти на опозицијата, пред се од редовите на ВМPO ДПМHE, но и други кои не се активни во таа партија. Еден од нив беше реформаторот Петар Богојески, познат по неговите антигруевистички ставови.

Кон него беа изнесени низа навреди и обвинувања, што не е нешто ново во јавноста. Генерално се веќе слушнати приказни за неговата блискост со дипломати во земјата, особено комичното тврдење дека работел и за српска и за бугарска и за грчка и за америчка амбасада. За прв пат се слушна тврдењето дека Мицкоски го подготвувал Богојески за министер за евроинтеграции.

За истото се обративме до дел од спомнатите активисти на ВМPO ДПМHE, но и до Богојески. Очекуваме одговори од нив, за што ќе информираме. Генерално прашавме дали некој од нив ќе го тужи Петровски за клевета или ќе ги демантира изнесените обвинувања.

Богојески реагираше со сарказам на неговата фан страна со зборовите: „Слушам нешто, вчера “Во центар”, две откачени невести нешто дробеле за мене?!? Вистина ли е?!?“ – затворен цитат од Богојески.

На нашите прашања Богојески одговори дека нема време сега и со Филип да се докажува, тој е небитен лик и може да зборува што сака.

„Немам принцип да тужам, во живот никој не сум тужел, а што не кажале или не ми направиле на мене, најмалку ќе ја тужам оваа будалетинка. Нека зборуваат што сакаат и онака ништо не им проаѓа. Нека се живи и здрави!“ – изјави Богојески.