ЗAEВ го шутна својот најблизок соработник

Политика

Марјан Забрчанец кој важи за еден од најблиските луѓе на премиерот Зоран Зaeв во неговиот кабинет, веќе е ставен на тапет за најодговорен за огромниот дебакал на CДCM на последните локални избори. Вината се лоцира во лошата ПP стратегија на кампањата на владеачкиот кампус, а одговорен за тоа бил токму Забрчанец.

Забрчанец веќе петта година е национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата во превод задолжен за ПP и пропаганда на власта на Зaeв. Токму кон него се вперува прстот кога се бараат виновници во СДCM за изборната катастрофа.

Cе чини и самиот Забрчанец е свесен за тоа и се помири со судбината на оваа Влада. Тој на својот твитер профил објави трогателен пост.

Иако голем број членови, активисти и ПР машинеријата на СДCM се уште не може да се помират со новонастанатата ситуација се чини Забрчанец е веќе помирен со крајот на Владата на СДCM и заминувањето на Зоран Зaeв од премиерската позиција, па така на инстаграм објави дека дефакто се чека формирање на нова Влада.