ДАЛИ со АНБ (тајната полиција) сеуште управува Мијалков

Хроника

Пред извесен период две лица, од кои едно вработено во Агенцијата за национална безбедност беа уапсени во полициска акција при вршење изнуда во скопскиот ресторан „Оливе“.

Платените проруски медиуми во земјава, миленици на Мијалков побрзаа да објават дека уапсените се Михаил Младенов познат по неговото сведочење како заштитен сведок во случајот 27.април, а второто лице е Вилијам Шекл, американски државјанин за кој постои информација дека е вработен во АНБ.

Секако на удар се најде и обвинителката која го води новото „СЈО“, со информацијата дека двајцата рекетари го користеле нивното познанство со обвинителката Русковска, заканувајќи се дека токму таа води кривични истраги против рекетираните лица, за што барале пари од жртвите со цел да ги „спасат“ од понатамошна кривична истрага.

Тоа е очаен обид да се повтори приказната со аферата Рекет на Боки и Катица. Во случајов Русковска би била Катица, но никој не кажува кој е новиот Боки, односно Младенов.

Секако приказната продолжува со солзи жалопојки за миленикот на Мијалков, извесен бугарски конзул Орце Камчев. Наводно лицето вработено во АНБ, според информациите на руските платеници и секако на листата на конзулот, истото лице било задолжено за оперативната обработка на бизнисменот Орце Камчев, врз основа на чиј извештај бил приведен и притворен за наводна намера за организирање на бегство. Оваа реченица секако е дебело наплатена од очајниот притвореник на сметка на најочајните „медиуми“ во руска шубара на глава во Македонија.

Приказната продолжува со епизодата „отвори, отвори“ на Катица пред ДБК, а сега со Вилма Рускоска која барала запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што директорот Виктор Димовски се спротивставувал.

Наводно платеничките медиуми побарале изјава од Русковска, која пак за одговори ги упатила до ОЈО Скопје бидејќи предметот го водело тоа обвинителство, но заборавија да потсетат на едно, кој е тој Младенов?

Руските бандити наводно новинари не кажаа дека Младенов е кадар на СДММ, младината на СДСМ, учесник во насилство во Карпош, по што паѓа во листата на „соработници“ на Саша, а покасно и близок на членови од неговото семејство. Истиот тој е вработен во ДБК, сега АНБ од страна на Саша, а учествуваше во Државниот удар на 27ми, може да претпоставите по чива наредба.

Прашањето кое заслужува одговор, кој управува со АНБ, поранешната УБК или ДБК? Дали сеуште таму се носители кадрите на Саша? Што реформа направи новата власт на Заев на таа институција?