EKCКЛУЗИBHO: Зaeв имaл peзepва пpaтeник

Политика

Вчерашната драма во македонскиот Парламент имала повеќе сценарија. Налик на крвавиот четврток или 27 април, но во „комуна“ стил без МПЗиња. Најизвесни биле двете приоритетни сценарија, едното познато како ДУИ сценарио, второто познато како СДСМ сценарио.

И двете партии обезбедиле – резервирале по еден пратеник за секој случај. ДУИ ги резервирале Кастриот Реџепи од БЕСА како прв чекор, а како специјална гаранција и Скендер Реџепи од Алтернатива.

Другото СДСМ сценарио исто имало резервирано најмалку двајца и тоа еден од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, а вториот бил пратеникот од Левица Благој Крмов.

Шансите на Мицкоски да ја симне Владата со иницијативата од вчера во Парламент биле пониски од 0%. Власта била осигурана со најмалку 4 пратеници од тие на списокот на Мицкоски, кои изјавиле дека ќе гласаат за пад на Владата.

Во рамки на создавање и евалуација на стратегијата на СДСМ и ДУИ како да опстојат на власт, било одлучено прво да настапи сценариото на ДУИ, како побезболно. Албанците полесно ќе прифатат „предаство“ на Алабанец на Мицкоски отколку тоа да го направи Македонец. СДСМ се плашеле од реакцијата на јавноста за учество во такво сценарио, а Ахмети се чувствувал уважен што токму тој ќе биде „играчот“ што ќе му даде „гол со пета“ на Мицкоски и на ВМРО ДПМНЕ.

Одлуката паднала рано наутро, пред почеток на собраниската седница. ДУИ сценариото го активира првиот џокер, Кастриот Реџепи. Кога било јасно дека иницијативата паѓа на 60 пратеници, се чекало на сокриен џокер на Мицкоски. Имено, Заев се сомневал во неколкумина пратеници од владејачкото мнозинтво дека шуруваат со Мицкоски и може да преминат на негова страна во клучен момент.

Откако станало јасно дека Мицкоски нема сокриен џокер, останале останатите играчи на Заев и Ахмети за подобри времиња. Така не биле активирани Крмов од Левица и Скендер Реџепи од Алијанса. Тие остануваат за следна тезга акција на Заев и неговата Влада.

Шпекулациите дека Крмов е всушност очи и уши на Заев во Левица и во опозицијата одамна се присутни во новинарски и безбедносни кругови. Јасно беше дека Крмов стана пратеник со помош на СДСМ, со цел да се сокрие изборниот фалсификат во третата изборна единица, каде требаше ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да имаат подеднакво пратеници 10:10. Тоа беше лудило да се соопшти, ако се знае дека таму ВМРО ДПМНЕ победуваше со резултат 14:6. Така за да се сокрие срамот, беше одлучено и одобрено да биде 10:9:1, со што СДСМ се откажа од еден свој мандат во интерес на Крмов, кој „и онака бил наш човек“!

После овие информации, јасно е дека Владата на Заев има уште сокриени играчи во опозицијата, со што таа нема шанси да падне со ново парламентарно мнозинство, освен со предвремени парламентарни избори предизвикани од масовни демонстрации низ македонските градови.