ЏOKEPCКО добpo утpo oд aматepкатa зa дeмoкpaтcки киcлopoд

Добро утро

Џокерот за демократски кислород

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

„Не ја губете довербата во ЕУ!’’ – е реченицата која ја спаси Владата на Зоки. Токму поради оваа порака „џокерот“ не беше искористен во играта за пад на владата. На Зоки не му е прв пат да ја злоупотреби надежта за ЕУ и да ја претвори во лична корист.

Ни чекор не направи за создавање на одржливи и професионални институции, просперитетна економија и инклузивно општество. Ниту се потруди да изгради модерна функционална демократија преку реформи кои претходно ги најавуваше. Волјата на граѓаните не е испочитувана. Нивната доверба е изманипулирана.

Кога го избраа за премиер цврсто бараа враќање на земјата кон европските вредности. Веруваа дека избираат политички лидер кој ја слуша нивната волја. Граѓаните се свесни дека предолгото држење на земјата на чекање пред портите на ЕУ е ризик од создавање недостаток на демократски кислород. Поради овој „недостаток на демократски кислород’’ на изминатите избори испратија порака „Не во ЕУ со Зоки’’. Тој повторно ги излажа. Излажа дека ја разбрал пораката и дека ќе се повлече од функциите.

Граѓаните не ја изгубиле довербата во ЕУ, туку ја изгубија довербата во лажните ЕУ лидери! Граѓаните го бараат само она што им припаѓа. Тие сакаат избори во кои гласовите ќе бидат дадени слободно, без притисок и без насилство. Сакаат економско опкружување каде што конкурентната способност ќе биде важна, а не политичката припадност. Копнеат нивната земја да има пријателски односи со сите соседи и Влада која ќе ги реши отворените прашања, а нема да ги ескалира истите и нема да ги охрабрува историските непријателства.

За жал ништо од ова немаат, но сепак ќе поверуваат дека во Декември ќе отпочнат преговорите за ЕУ! Кај чекале до сега, ќе почекаат уште неполн месец. До наредната лага на Зоки, имајте пријатен ден.