Новата „девојка“ на Грашо откри каков е нивниот однос

Lifestyle, Балкан, Живот, Свет, Сцена

Во медиумите одекна дека една од најомилените музички двојки, Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ја раскинале својата емотивна врска по 24 години заеднички живот.

Само неколку дена подоцна словенечките медиуми пренесоа нова вест. Дека хрватскиот заводник е во љубовна врска со 45-годишната сопственичка на винарија, Словенката Соња Ерчуљ.

Петар и Соња се видени заедно веднаш по неговата разделба со Данијела, по што се јави сомнежот дека се повеќе од пријатели.

Дамата остро ги демантираше гласините за наводната врска :

,,Точно е дека соработуваме, но не сме поврзани приватно, никако! Ова е мало место и сешто се зборува. Тоа е затоа што луѓето не разбираат што е соработка“, изјави Соња за „Журнал 24“.