Русија со поддршка на бугарското вето!
Балканскиот полуостров е во фокусот на геополитичките влијанија на големите сили. Од секогаш е познат како „јаболко на раздорот“. Во овој момент судирот помеѓу ЕУ и Русија се случива токму на Балкански полуостров. Поточно токму во Македонија. Зад интересите на ЕУ стои САД, а зад Русија помага Кина. Судирот е најмногу за проширувањето на ЕУ на Блакански полуостров. Секако во фокус е и проширувањето на НАТО.
Русија се обидува да го спречи тоа проширување на влијание на НАТО и ЕУ во Југоисточна Европа. Вклучително и во Македонија. Тоа поаѓајќи од своите руски национални интереси. Кинеското присуство на Балкан е целосно во поддршка на таа стара руска политика.
Бугарија се обидува на секаков начин да спечи проширување на ЕУ на Балканот, по руска задача. Иако и самата е членка на ЕУ, таа сепак е подисведувач на руските политики, многу векови наназад. Самото вето за влез на Македонија во ЕУ, е вето за проширување на ЕУ. Со тоа успешно се реализира руската надворешна политика.
Русија може да биде исклучително задоволна од овие бугарски политики. Со тоа Русија дирекно ја помага Бугарија и го поддржува бугарското вето против Македонија. Историјата се повторува, Русија повторно ја уништува шансата за силна и стабилна Македонија. Русија е повторно против Македонија, како што била низ вековите. Секогаш Бугарија и помагала на Русија во уништување на Македонија. Така е и денес.
Во овој момент, оваа руско – бугарска антимакедонска коалиција може да ја уништи само САД и ЕУ.