И „Северна“ не поминува, Грција ни даде ново име!

Балкан, Македонија, Политика

Во моментов премиерот Заев се обидува пред домашната јавност да покаже особена соработка со Грција и нивниот премиер Мицотакис. Изјавите на Заев и Димитров се цутат рози помеѓу Македонија и Грција. Но дали е тоа вистина?

Преспанскиот договор треба да се почитува од двете страни. Што значи Македонија да стане северна и во двете држави. Кај нас Македонија се посевери пред време, поради глупата политика на Заев и Димитров. Брза кучка слепи ги раѓа. Но во Грцција никако да станеме Северна. Таму добивме ново име. Новото име кое го користи официјално Грција за нас е „Соседна земја“!

Од Заев и Димитров нема ниту глас, ниту објаснување! Ниту побарале или прашале зошто во Грција не се почитува Преспанскиот договор. Битно тие предвремено го имплементираат во Македонија и ја прокоцкаа можноста Преспански да се користи како уцена за наш влез во ЕУ.