МКДенес.мк објавува конкурс за колумнисти!

Lifestyle, Колумни, Македонија, Политика
Конкурсот е отворен за сите заинтересирани лица кои имаат предиспозиции за пишување и сакаат да се афирмираат како колумнисти.

 

Колумните може да бидат пишувани на различна тематика, во зависност од интересот и креативноста на кандидатите.

Колумните не смеат да содржат навредлива содржина. Забрането е пишување за насилство и омраза врз база на етничка, расна, национална, културна или друга основа.

Колумните треба да бидат пишувани на македонски јазик (кирилица), и текстот треба да биде лично ваш. Целта на конкурсот е да се поттикнат колумнистите, особено младите, на креативно и критичко пишување.

МКДенес.мк ќе им овозможи простор на избраните кандидати да го споделат своето знаење и размислување со пошироката јавност, без никаква парична надомест.

Заинтересираните кандидати/ки можат да ги испратат своите колумни (300-500 зборови) заедно со нивна фотографија во хоризонтална положба, на следната email адреса: info@mkdenes.mk.