Апасиев подложен на пеглање

Забава

Лидерот на Левица, другарот Апасиев бил подлежен на силно пеглање во неговата партија поради измама на најблиските соработници дека ќе се борат против мафијата и никогаш нема да прифатат соработка со компромитирани партии.

Со самото прифаќање на соработка со една од тие парии кои во Левица ги сметаат за сериозно компромитирани, оценката била дека нивниот раст како партија е запрен и веќе следува сериозен пад на рејтингот.

Реакциите се засилиле со појавата на фотографија на лидерот Апасиев со лидери на партии кои се перцепираат како исламистички и антимакедонски, со што во целост пропаѓа целокупната досегашна патриотска пропаганда на таа партија.

Апасиев е обвинет за водење на политиките во целосна спротивност од она кое го ветувал. Лагата и изневерувањето на граѓаните, ќе бидат скапо платени, известуваат од блиските соработници на Апасиев во Левица.