ПАВЛЕ го шитна Заев
Првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов го обвини премиерот во оставка Зоран Заев како виновен за ситуацијата што се случува сега во Македонија.
Според него, не е така едноставно и лесно да се сруши влада, а последици ќе има дали преку оставка на актуелниот претседател на владата, дали преку интерпелација.
„Мислам дека Заев ја иницираше оваа севкупна состојба што се случува сега. Сигурен сум дека Зоран Заев и СДСМ за ова ќе сносат последици. Но, легитимно е правото на опозицијата да се здружува и да бара оставка бидејќи на секоја политичка партија главната цел и е да дојде на власт“, рече Трајанов за Сител.
Заев на 31 октомври си поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ и премиер, откако имаа лоши резултати на избори.
ВМРО-ДПМНЕ завчера објави дека има ново мнозинство.