
Изгубил 20 милијарди долари за 1 час
Менаџерот на Тесла, Илон Маск, наводно, осиромашил за повеќе од 20 милијарди долари. Се тоа од неговара појава како домаќин во емисијата “Saturday Night Live”.
Нето-вредноста на американскиот бизнисмен падна од 166 милијарди на 145,5 милијарди долари, откако минатата недела акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ потонаа за околу 15%, покажуваат податоците што ги следи магазинот „Форбс“.
Претприемачот зборуваше за најновите случувања на пазарот на крипто-валути, како што се Биткоинот и Догекоинот. Даде шокантна проценка дека е ова втора „празна приказна“. Маск претходно јавно ја промовираше таа криптовалута, со што цената се искачи на рекордни нивоа. По појавувањето на ТВ, Маск исто така објави дека Тесла се откажува од прифаќање на биткоин како платежно средство за неговите автомобили.
Неговите коментари дадени во таа емисија го потресоа пазарот на крипто валутите.. Со тоа монетата падна за повеќе од 30 проценти во рок од 24 часа.