TikTok контролира на овој начин

Lifestyle, Забава

Апликацијата за споделување видеа ТикТок објави дека ќе го блокира пристапот до корисниците. Сите корисници на возраст под 13 години, нема да може да бидат присутни на ТикТок. Причината е смртта на десетгодишно девојче поврзана со „предизвикот“ да се задржи здивот.

ТикТок е во сопственост на кинеската компанија БајтиДенс. Компанијата најави дека повторно ќе ја проверат возраста на сите корисници и дека само на оние постари од 13 години ќе им биде дозволено да продолжат да ја користат апликацијата. Истото го објави и магазинот Форбс.

Постапката заврши со обврската сите корисници повторно да го внесат датумот на раѓање. Акаунтите на лицата на возраст под 13 години ќе бидат избришани.

Одлуката е донесена на барање на повеќе влади за заштита на податоци. Причината е сомнежот дека се злоупотребуваат лични податоци на малолетни лица. Властите за заштита на податоците привремено го блокираа пристапот до ТикТок. Посебно за корисниците чија возраст не може да се провери.

Шефот на одделот за безбедност на деца на ТикТок во Европа, Александра Иванс објави дека платформата постигнала договор за нови безбедносни мерки. Тоа по неколку недели разговори. Властите објавија дека ТикТок исто така ќе размисли за употреба на вештачка интелигенција за идентификување на децата на платформата. Ќе се воведе „копче“ во апликацијата преку кое корисниците ќе можат да пријавуваат други членови за кои сметаат дека не се доволно возрасни.

Европската унија планира да воведе „јавен дигитален систем на идентитет“. Се тоа за подобро да го контролира пристапот на децата до социјалните медиуми, пренесува бриселскиот портал ЕУРАКТИВ.

Со цел подобро регулирање на начинот на кој малолетниците безбедно ќе ги користат платформите на социјалните мрежи, ЕУ ги повика платформите да соработуваат во реализацијата на проектот „Јавен систем на дигитален идентитет“. Планот предвидува родителите или старателите да можат да го потврдат идентитетот на малолетници. Особено оние кои се обидуваат да се регистрираат на услугите на социјалните мрежи преку Интернет.

Ваквите платформи кои денес се популарни меѓу италијанските деца се ТикТок, Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, а многу од нив веќе имаат ограничувања на возраста. ЕУ бара начин за ефикасно спроведување на овие барања во однос на возраста на корисниците.

Системот исто така ќе им овозможи на старателите да добиваат предупредувања за вознемирување малолетни лица. Тоа како што се обиди за посета на небезбедни веб-страници или пристап до штетна содржина.