КОНЕЧНО: Пристигна убава вест за скенирачите на фискални сметки

Дали Знаете, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на средствата од проектот „Мој ДДВ“ наменети за граѓаните кои скенирале фискални сметки во изминатиот квартал.

Исплатата се врши директно на трансакциските сметки на корисниците, а граѓаните во наредниот период треба да ги добијат средствата што им следуваат врз основа на скенираните фискални сметки.

Граѓаните можат да го проверат износот на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“.