СЕВЕРНО добро утро од аматерката со новата реалност

Добро утро

„Северна“ реалност

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

После неколку изминати години на жестоки пропаганди од страна на политичките чинители, дојде моментот на соочување со реалноста. Спласна хистеријата за извршено „предавство“ на националните интереси, а промената на уставното име на државата од позиција на (локална) власт станува реалност.

И тоа е добар знак дека се напуштаат теснопартиските мотиви, а со тоа се препознаваат државните интереси. Доколку продолжат со истиот наратив, слободно може да се констатира сериозен пристап кон државните интереси од страна на опозицијата.

За разлика од опозицијата, власта која пред поразот на локалните избори ја имаше „киднапирано“ европската агенда, денес се соочува со драматични ситуации во своите редови. Избезумени со теснопартиските превирања и борбата за превласт, забораваат на државните интереси. Граѓаните веќе ја согледуваат новата реалност. Опозицијата дава позитивни сигнали и точен патоказ кон излез од политичката криза за разлика од власта која сеуште калкулира.

Сеуште нема јасен став што понатаму. Едноставно има желба да „избега“ од одговорност и да се сокрие позади алтернативна структура која ќе го собере целиот гнев и незадоволство од страна на граѓаните, а заради кризата која престои.

Ни претстои тешка енергетска зима, голема неизвесност со пандемијата и порастот на цените на прехранбените производи. Поради оваа ситуација опозицијата засега е разумна и внимателна. Во интерес на граѓаните и државните интереси има умерен однос кон желбата за превласт. На потег е власта.

Дали кај нив ќе преовладаат теснопартиските мотиви за преземање и на парламентарната власт на јуриш или потребите на граѓаните и државниот интерес. Тоа е суштинското прашање од чиј одговор зависи дали Македонија ќе тргне кон ветените промени, или кон нова неизвесност која неминовно води кон уште подлабока криза.