РЕАКЦИЈА на Богојески до Мицкоски со датум за избори

Политика

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски на последната пресконференција искажа клучни пораки за иднината на политичките процеси во земјава. Истата предизвика бура на реакции во јавноста, но и кај политичките активисти.

Во насока на изнесените ставови, своја оценка на официјалната фан страна објави лидерот на Македонски концепт Богојески, кој го објави и можниот датум за предвремени парламентарни избори. Текстот го пренесуваме во целост:

Богојески смета дека одлуката на Мицкоски да одбива да ја преземе власта со пуч (ново мнозинство)… е исклучително мудар потег! Исто така одлуката на ВМРО ДПМНЕ го преземе ставот на Македонски Концепт за Преспанскиот договор промовиран веќе 2 години, за прифаќање на реалноста која во иднина може да се промени, е исто така силно мудар потег на Мицкоски.

богојески

Но за разлика од Мицкоски, тој смета дека предвремени парламентарни избори во 2022 година мора да има и секако ќе има, но подобро од јануари е тие да бидат во април! За да има такви избори треба Парламентот да се самораспушти, а за тоа треба мнозинство, а тоа мнозинство сака власт, па Богојески смета дека непотребно се вртиме во круг!

Опозицијата има сила да предизвика силна парламентарна и институционална криза! Ама таква криза во овој момент е национално предавство! За да се спречи таа криза, мора итна лидерска средба и дефинирање на датум за избори на 10 април 2022 година, е предлог датумот на Богојески за нови парламентарни избори.

За да се согласи опозицијата со тој датум, мора Заев да си замине веднаш, а Македонија да ја управува техничка Влада следните 6 месеци! Техничка Влада во вакви крајно кризни услови е неповолна за државата! СДСМ може да формира и политичка Влада со нов премиер, но тоа нема да го прифати опозицијата и пак влегуваме во криза, предупредува Богојески.

Според него решението, МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ е итно да се формира ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА за национален спас! Да ги покрене сите капацитети во државата, да ги надмине актуелните кризни состојби, а изборите се знае… на 10.04.2022 година!