ОПОЗИЦИЈАТА подобро распределена од власта

Македонија

Анализата на изборните резултати по завршување на вториот круг од локалните избори покажува сосема друга слика од онаа на пресконференциите на кои имаше премногу емоциите од политичките партии.

Опозицијата побара оставка од власта, а Заев секако истата ја понуди во негов стил, „този тупка, не е дупка“. Така си остана лидеер на СДСМ и премиер, но во оставка која ќе се разгледа во иднина. Маж рекол, маж одрекол.

Токму поради тоа, анализирајки ги детално резултатите од локалните избори дојдовме до податоци и бројки кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата се многу подобро распределени со поддршка низ општините, за разлика од концентрацијата на власта во само неколку региони. Затоа и опозицијата доби поголем број на градоначалници, иако власта освоила поголем број на гласови од опозицијата на советничките листи. Со тоа сега власта се обидува да се прикаже како вистински победник на изборите, повторно во ист стил, „този дупка, не е дупка“!

Владината коалиција која е климава и самата на себе си беше конкурентна, покрај СДСМ партиципираат и ДУИ, БЕСА, ЛДП, ДОМ, НСДП, ВМРО-НАРОДНА, АЛТЕРНАТИВА, ДПА, ДПТМ, ПДТ, БДС и останатите, сите заедно имаат вкупно 419.346 гласови.

Опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, плус ЛЕВИЦА И АЛИЈАНСА/АЛТЕРНАТИВА заедно освои 396.997 гласови. Власта се утешува дека победила со над 22.000 гласови. 

250959145_310607733902155_8666110216867916408_n

Значи, партиите кои ја сочинуваат власта на централно ниво, освоија над 22.000 гласови повеќе од сите партии од цела опозиција заедно. Дополнително од кујната на СДСМ си пресметале дека доколку партиите на власт настапат заедно на парламентарни избори и партиите од опозицијата исто така настапат здружено, според соодносот од овие избори, власта би освоила 2 до 4 пратеници повеќе од целата опозиција.

Анализата покажува дека власта и опозицијата се со изедначена поддршка кај граѓаните, што значи следните избори ќе ги одлучат помалите политички субјекти. Психолошкиот притисок од опозицијата дека се клучен фактор во понатамошниот тек на политичките случувања во државата е секако оправдано. ВМРО ДПМНЕ е носечка опозициона сила. Но недоволниот изборен резултат е причината зошто Мицкоски не притиска по секоја цена да се оди на брзи предвремени парламентарни избори.

Затоа, заклучокот е дека ниту едните треба многу да се радуваат ниту другите да тагуваат. Во суштина трети ќе одлучат кој ќе ја формира следната влада во Македонија.

Сепак, ова беа локални избори на кои граѓаните гласаа за тоа кој да им асфалтира улици, да сади цвеќиња, гради булевари, канализации и водоводи, вистинската борба се очекува да биде на наредните предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат во 2022 година.