КАРАКАЧАНОВ е загрижен, еве за што

Изјави

Поранешниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, сеуште лидер на бугаристичкото ВМРО изјави дека правата на Бугарите во Македонија биле на ниво на Титова Југославија. Но за тоа не бил многу загрижен.

Тој сепак бил вознемирен од изборните резултати во Македонија. Според него, сега прашањето за влезот на Македонија во ЕУ изгледа многу покомплицирано. Поранешниот вицепремиер изрази жалење што владата на Заев не може да најде заеднички јазик со Бугарија што ќе и овозможи да ги започне преговорите со ЕУ. Разговорите за влез на Македонија во ЕУ не се започнати, вели Каракачанов, бидејќи односите меѓу Софија и Скопје се замрзнати, а тој е главниот руски извршител за замрзнување на европските планови за Балканот.

Се би било поедноставно доколку Заев и неговата влада се обидат да ги исполнат условите предвидени во Договорот за добрососедство“, рече тој.

Но најголемата грижа му била победата на опозицијата на овие локални избори. Така Краси не може да дејствува слободно во обидот да промовира свои кадри во државната управа.

„Секако дека не можат да останат загрижени за победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Тие се оние кои зборуваат за потребата да се прекрши договорот, да се постават натписи на спомениците кои ја карактеризираат Бугарија како фашистички окупатор и оние кои упатија дипломатски повици до ЕУ против Бугарија“, заклучува Каракачанов.