ВМРО ДПМНЕ прави скромни обиди за нова политика

Македонија

Опозициската ВМРО ДПМНЕ која победи во најголем број на општини на последните Локални избори, прави скромни обиди да најави нови политики.

Имено, преку дел од избраните градоначалници, но и преку други партиски функционери, срамежливо најавува сериозна промена во перцепцијата на Преспанскиот договор и негово констатирање како „реалност која не може да се игнорира“.

Ставот на опозициската партија наидува на жестока критика на власта, која е исплашена за одржувањето на перцепцијата на единствени носители на европската перспектива на земјава. Тие не пропуштаат можност да ја потсетат ВМРО ДПМНЕ што говорела во минатото за тој договор со Грција.

Сепак, промената на ставот на ВМРО ДПМНЕ и нејзиното соочување со реалноста треба да добие полна поддршка од страна на домашната и меѓународната јавност, бидејќи на тој начин се зацврстува европската иднина на Македонија. Тоа е чин за поздравување и процес кој треба да се поттикне од сите учесници на политичката сцена во земјава.

Колку ВМРО ДПМНЕ ќе остане цврсто и решително на тој курс, останува да видиме. Сепак, самиот почеток на тој процес е знак за подобрување на политиките на политичката опозиција во Македонија. Тоа е единствен начин да биде предизвикана проме на актуелната власт.