KOЛУМНA Ajpyлаи: Пaдa Bлaдa

Колумни

Пaдa Bлaдa

пишува м-р Лyлjета Аjpyлаи, копретседател на Женски Концепт

Бpaнкo кога изгуби на избори кажа една фамозна реченица “народот е во право и кога греши”. Не, не е така почитувани. Народот е во право кога не греши, когa размислува и постапува разумно. Народот е апсолутно во право тогаш кога на најдемократски начин со својот глас ќе ја казни и ќе ја смени неодговорната и корумпираната власт. Тоа е триумф на народот.

Заврши и вториот круг на локалните избори. Народот одлучи да не трпи повеќе глупости. Народот избра промени. BMPО-ДПMHE издвојува голема победа. ДУИ доживеа дебакл во Гостивар и покрај тоа што целото раководство на ДУИ во текот на целата кампања вршеше страшен притисок врз граѓаните на Гостивар. ДУИ го изгубија и Тетово и покрај масовниот поткуп на гласачи. Со ова конечно почнува падот на ДУИ. Падот на ДУИ ќе биде спектакуларен.

Како што се очекуваше на овие локални избори CДCM доживеа тотален пораз, земјотрес кој требаше да ги освести и вразуми, меѓутоа не се случи тоа. Напротив, и Зaeв и другите челници од партијата вина наоѓаат кај сите други освен кај себе си. Според нив виновни се оние граѓани кои не ги гласале, а во ниту еден момент не се прашуваат зошто граѓаните не ги гласале. Воопшто не се прашуваат зошто за само четири години доживеаја оваков катастрофален пораз. Не се прашуваат себе си зошто народот гласаше против нив.

Дајте бре сдсмовци спуштете се на земја, погледнете се во огледало и само еднаш запрашајте се себеси зошто? Барем малку бидете самокритични, видете ги грешките што ги правите, инаку вас ќе ве уништи себезаљубеноста и вашата ароганција. Во шах мат позиција, пpeмиepoт Зopaн Зaeв изјави дека поднесува оставка. Со овој чин пада влада. Здраво е да падне владата. И треба да падне оваа деструктивна влада која со своите непромислени и погрешни политики и нанесе многу штета на државата.

Сега има поволни услови да се формира ново парламентарно мнозинство, па нова техничка или експертска влада која ќе управува до новите вонредни парламентарни избори на кои сметам дека народот ќе го достигне својот триумф и конечно Република Македонија да тргне во права насока. Зaeв може и да се предомисли за оставката, тој е познат по честото менување на своите ставови и изјави. Можеби му беше само блеф, но како и да е тој веќе нема кредибилитет да биде премиер и враќање нема да има.

CДCM на чело со Зaeв има уште една тешка геостратешка грешка што повторно и на овие локални избори ги помагаше и ги спасуваше ДУИ, затоа сега ќе пропаднат заедно. Со среќа!