ЗАЕВ се повлекува од Отворен Балкан

Балкан

Премиерот во оставка Зоран Заев, нема да оди во Белград на 3 и 4 ноември, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, од причини кои не се наведуваат пред јавноста. Информациите од партијата на Заев зборуваат за негово каење за поддршката на Отворен Балкан, поради што се најде под жесток притисок на јавноста за напуштање на европските интеграции на земјава.

– Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација – велат од кабинетот на Заев за „Танјуг“. Но причините мудро се сокриваат и од странските медиуми.

Оттаму додаваат дека сепак Македонија ќе испрати некој претставник на средбата во Белград, а кој ќе биде ќе се одлучувало денеска или утре. Со тоа веќе станува јасно дека Македонија полека се повлекува од таа антиевропска иницијатива.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на климатскиот самит, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

– Силна поддршка за „Отворен Балкан“. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје – напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „Будуќност-Србија“, со фотографии од Глазгов, пред почетокот на Самитот „KОП26“. Веќе и на Вучиќ му е јасно дека помина возот за пропаднатиот проект Отворен Балкан.

Кој ќе ја сноси одговорноста за потрошениете милиони за промоција на погрешен проект, кој дирекно им наштети на нашите европски перспективи? До кога Македонија ќе лута по непознати патишта, на сопствена штета?