СКАНДАЛ: Што направија специјалците на МВР во Куманово

Хроника

Преку двестотини специјалци облечени во маскирни униформи и многумина полицајци кои не говорат на кумановски дијалект шетаат денес низ Куманово. Што е нивната улога и поента на излегување на кумановските улици? Дали Оливер Спасовски тренира строгочу?

Утринава околу 10:00 часот граѓаните останаа збунети во центарот на градот, каде на секој 100м сретнуваа специјалци на МВР облечени во униформи. Од една населба до друга се случува полицијата дури трипати да ве стопира. Во самиот централен дел на градот во близина на полициската станица веќе се гледаа повеќе специјалци кои излегуваат од комби возила (цивилни), јавуваат очевидците од Куманово.

Дали сето ова е знак дека некоја политичка партија злоупотребува или некоја друга бара „заштита“ што е помалку веројатно, останува да видиме што ќе се случува утре на вториот изборен круг во најголемата општина во државата.

Доколку станува збор за некоја оперативна задача во ред, но доколку сето ова е само за утрешниот ден, тогаш навистина не е во ред, да полициските службеници аргатуваат за нечии цели.