МЕРКЕЛ ќе заврши како „талкач“!

Сцена

Германската канцеларка Ангела Меркел, која во 2018 година најави дека нема да се кандидира повторно на националните избори одржани минатиот месец, успешно ја водеше Германија низ кризи, вклучително и глобалната финансиска криза, мигрантската криза и пандемијата на коронавирус.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е задоволна од тајмингот на заминување од политичката сцена по 16 години на чело на државата и дека сега со нетрпение очекува да посвети време на работи кои морала да ги запостави за време на нејзиниот мандат.

Меркел рече дека сака можеби малку да патува или да чита, или едноставно да ужива во слободното време знаејќи дека не може да се случи ненадеен пресврт во следните 20 минути, објави денеска Франкфуртер алгемајне цајтунг, пренесува АП.