ЧУДO гoлемo вo Бpиceл пoвpзaно сo Maкeдониja

Хроника

Во седиштето на Алијансата во Брисел, министерката за одбрана Радмила Шекеринска попладнево ја отвори изложбата „Патот на Северна Македонија до НАТО“. Секако дека тоа е фалсификат на старт, зашто имаме пат на Македонија и пат на Северна Македонија до НАТО. Фалсификување на историјата не е прифатливо. Тоа што се случувало под името Македонија не може да се наведува дека било за време на Северна.

НО тоа не е најголемото чудо од Брисел. Министерката даде изјава пред широк аудиториум од 20 лица. Огромен интерес за посета на македонската изложба за која се потрошија куп пари, а дури 20 лица ја погледнаа.

„Задоволство ми е да ја отворам оваа изложба која го претставува нашиот пат кон Алијансата. Моментот на зачленување во НАТО беше момент за паметење, момент на гордост. Успеавме зашто бевме посветени и зашто ја имавме вашата поддршка“, рече министерката на отворањето пред амбасадорите во НАТО.

Но чудото тек следува. Од 30 изложени фотографии, на 25 ставиле слики од самата министерка, а таа со задоволство ги погледнала, како да е прв пат.

Шекеринска, како што се посочува во соопштението од МО, им се заблагодари на претставниците на земјите – членки за сета помош низ годините и порача дека тоа Северна Македонија го цени и не го заборава.