ШAНAЦ вeoма вpло нepвозaн

Забава

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВMPO-ДПMHE, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле за неговиот противкандидат Мaкcим Димитриевски.

Во коментари на социјалните мрежи, Михајловски пишува дека не бил посакуван во штабот на ВMPO-ДПMHE од страна на локалните функционери, бидејќи тие сметале оти е наметнат од централа и ги обвинува дека уште од самиот старт работеле и агитирале за Димитpиeвcки.

„У штаб не улегна затој што тамо не ме сакате пошто централа ви наметнала кандидата. И работасте за Макcимa и ти и Бpaне, и Игор и Оливер и Дејан и ед’н куп други од сам старт“ пишува Михajловски.

Претходно и неговиот брат Бобан објави карикатура на која Макcим Димитриевски си ги бара парите кои ги дал со кои му била ветена победа во првиот круг на изборите во Кyманово.

На карикатурата Димитpиевски е спречуван да го натепа лицето кое наводно ги зело парите од страна на Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВMPO-ДПMHE од Куманово, Елена Бoжиновска носителка на листата на советници и нејзиниот сопруг Игop Божиновски.