
PEBOЛУЦИОНEPНО ДОБPO УТPO од аматepкатa сo Mини Kacтpo
Мини – Kacтpo
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Димче често знае да се поистоветува со личности со револуционерно минато. Користи цитати и фрази кои одбележале едни други времиња и државни системи, ни од далеку слични на нашиот. Со своето налик „револуционерно“ однесување успева да ги придобие симпатиите од помладата популација. Го создадоа за да помогне во рушење на груевиот таканаречен режим и му овозможија пристоен живот и пратеничко место. Без многу труд и вистинска борба.
Ама апетитите му пораснаа. На црнокошуљашите им додели задача да лежат и да стојат по разно-разни настани изигрувајќи „мајмуни“, а тој „влезе во филм“ на млад стратег, така наречен мини-Kacтpo. Скоро на јавноста и испрати порака преку цитат од Фидел Kacтpo:
„Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали – Kacтpo (1948) “.
Каде ја виде мини-Kacтpo сличноста со него, не ми е јасно! Може мисли на тоа дека и тој бил правник исто како него!? Или дека имал брада?! Или само поради омразата кон капиталистичките уредувања?! Прво и основно, мини-Kacтpo сеуште нема соопштено која е неговата идеологија!? Со оглед на тоа што неговото постоење е проект на некој друг за определена цел, тука и неможе да има идеологија.
Понатаму, сега сме при крај на 2021 година, односно 21 век кога не се „во мода“ ваквите ликови. Државата е самостојна и суверена, создадена е да биде европска и независна од Mocквa. Филмот во кој влегол е многу лош и не е компатибилен. Сака да направи приказна, без да го каже негативецот во истата! Не е чесно да ги испраќа своите соборци-црнокошуљаши и да прави „мајмуни“ од нив.
Но реалноста е поинаква. Ниту идеологија има, ниту негативци. Единствено нешто што сака да го постигне е лична корист. Кој, колку и што ќе понуди. Бидејќи го обожава Kacтpo, сигурно знае и за тоа дека „револуцијата не е кревет со рози“, а брадата и долгата коса тој немал време да ги средува.
Желба да биде Kacтpo очигледно постои. Ама сака да го прескокне делот што го читал за него пред да дојде на власт. Со манипулации и измислени „револуции“ сака да дојде до вториот дел. Сака да живее прилично удобно и во изобилие, додека неговиот народ живее на работ на бедата благодарение на неговите политики. Затоа на мини-Kacтpo му е примамлива неговата улога.
Реалноста е дека идеологија нема и револуција не постои. Постои само една „гладна кокошка која просо сонува“, која ужива од „плодовите“ на капитализмот. Црнокошуљашите треба да ги остави да „маршираат“ докажувајќи ги своите квалитети и способности, а не мирно да стојат како „здрвени“ будалетинки.
Е само со долга брада и долга коса стратег не се станува. А за револуционерен лидер е потребен значително голем процент на истомисленици. Со ваквиот однос и тие што ги има околу себе ќе се разводнат.