
Националните паркови уништени !
Собранието на денешната седница по скратена постапка го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Законот кој беше поддржан и од власта, но и од опозицијата .Беше изгласан со 72 гласа ЗА и 5 гласа ПРОТИВ. Петмина пратеници беа воздржани.
Законот вклучува гаражи, остави и базени, изградени без дозвола за градба. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство.
Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство.