Внукот на Гоце Делчев сакал да биде Бугарин!

Македонија, Политика

По повод смртта на Делчев, два дена по 4 мај, на 6ти во македонската филхармонија се изведе манифестацијата Гоцеви денови. На неа настапи бугарскиот диригент  Христо Христов. Тој е директен внук на Гоце Делчев од помладиот брат. Имаше сомнежи дека тој е поборник на тезата дека Делчев е Бугарин. Тој е управител на фондација за култура во Бугарија која го носи името на Делчев.

Ова не е прв пат, во Македонија за одбележување на смртта на македонскиот револуцинер, Камерниот оркестар на Филхармонијата под палка на бугарски диригенти да изведува бугарски композиции за Делчев. Токму Христов бил главен диригент и во 2019. Но тогаш бугарските песни за Делчев не доминирале. Туку се свиреле композиции на Бах, Бетовен, Вагнер.

Оваа година на 6ти мај мнозинството од репертоарот беа бугарски дела за Гоце Делчев. Истовремено е нејасно зошто ова го дозволува Министерството за култура? Дали ваквите манифестации го наговестуваат епилогот од кој јавноста стравува во т.н. решавање на спорот со Бугарија? Надлежните ќе треба да објаснат. Во меѓувреме, на организирани настани по повод годишнина од смртта или раѓањето на Гоце Делчев во Бугарија, никаде не настапуваат македонски диригенти со македонски песни за револуционерот.

После дадените изјави за македонски медиуми, диригентот појасни дека тој сакал да биде Бугарин поп етнос. Но дека сите што доаѓале во Бугарија од Македонија биле Македонци. Значи внукот на Гоце не знае што е!