
Со ПЦР тест на свадба ?!
Веќе долго време угостителите се во неизвесност од страна на Владата.Дали ќе имаме семејни прослави ова лето е главното прашање. Останатите европски земји веќе имаат неколку опции во игра. Една од опциите на српските власти е организирање на свадби,но гостите да се вакцинирани или со негативен ПЦР тест.Во Хрватска пак во сабота ќе се организира пробна свадба. Тоа ќе биде клучно дали ќе се одржуваат прослави или не.
Угостителите во земјава пак велат дека кај нас оваа опција не е на маса. Пред се, поради малата бројка на вакцинирани. Се очекува дека свадби ќе има од следниот месец и тоа под строго утврдени протоколи. Последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести која во петок треба да го донесе протоколот за работа на рестораните.