ПРОГЛАС Цариград: Нов православен празник

РЕЛИГИЈА

На 17 октомври (недела) 2021 година, Светата Црква за прв пат ќе почне да го слави Соборот на Сите Светии Лекари, како ден посветен на медицинската наука за човештвото. Таква одлука донела Вселенската патријаршија.

-Светиот и Свештен Синод на Мајката Црква реши да ја востанови неделата, најблиску до 17 и 18 октомври секоја година, кога се одбележуваат Соборите на Светите Бесребреници и Светиот Апостол и Евангелист Лука Лекар како заеднички празник Собор на сите Свети Лекари, принос на медицинската наука и на нејзините лекари за целото општество.

Во одлуката Вселенскиот Патријарх Вартоломеј го потенцира значењето на лекарите, медицинските сестри, специјалистите како една од причините тие да бидат почитувани од Црквата.

Поконкретно тој напоменува дека: Уште од христијанската древност до современоста, лекарите, медицинските сестри, специјалистите, како многу обични и свесни христијани му служеле на човештвото. Многумина се одликувале со својата светост, која е призната од Црквата, многумина од нив се вброени во Светиите на Црквата како носители на божествената благодат и поддржувачи на Богочовекот Христос. Целите нивни напори да ја воведат паднатата природа на човечноста преку исцеление на телото и душата.“

Во одлуката се искажува голема благорадност, пофалби за работата на лекарите. Оваа одлука на Вселенската Патријаршија доаѓа во годините на најтешката светска пандемија во совеременито свет, како и напорите на медицината за сузбивање на Ковид 19 преку вакцина.