
ИТАЛИЈА е бугарска земја, докажа БАН
После векови потрага, конечно е откриено каде завршиле Бугарите на ХАН Алцек. Тие ги населиле и создале градовите Sepinum (Сепино), Bovianum (Бојано) и Изернија во регионот Молизе, според официјалната бугарска наука.
И до денес топонимите во тие области се сврзани со Бугарите от VІІ век.
Во Италија има град Челе ди Булгарија, планина Булгарија, област Бургерија и многу други – според истражувањата на д-р Д’Амико станува збор за над 700 имиња на селишта. „Етимологијата на зборот „булгари” стои во 5 града, 8 села, 27 селишта, 2 кули, 5 планински врвови и 2 долини.
Дури две плажи на брегот на морето го носат тој збор во составот на имињата, како и една железничка станице. Близу до Милано има четири обштини, сврзани со бугарската етимологија и тие се до езерото Комо”.
Во книгата на Д‘Амико Јорданка Хадџијска покажани се снимки от 40-те години на минатиот век, кои напоменуваат за автентични родопски костуми за свадба. Открива и други етнографски докази, кои говорат дека во таа засебно затворена област векови наназад се запазуваат обичаи, традиции, носии, кои и денес може да се видат во Бугарија.
Според Павел Ѓакон, Бугарите ги населиле италијанските земји во VІІІ век, кога сеуште говореле на својот јазик, кој нема ништо со денешниот бугарски по потекло македонски јазик, дури употребувале и латински. Тука населението го сочувал споменот за некои обичаи и одделни бугарски зборови, а во околијата на град Бојано во село Вичене – Кампокијаро во 1987 – 2007 г. е откриен и проучен голем прабугарски некропол со гробот на Хан Алцек, во кој е најден неговиот прстен. Наодите се чуваат во музејот во Кампобасо.