ДИCKPИМИНИPAНО Дoбpo утpo од aмaтepката сo милитe дpyгаpчиња

Добро утро

Kyмyлативнa диcкpиминациja

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Додека светот бара начин да се заштити од дискpиминација, власта кај нас ја „произведува“ секојдневно. И така во нашево општество се „боревме“ со различностите, па требаше да направат дополнителни поделби. Аматеризмот кој го покажаа во секоја област на владеење, дополнително придонесе штетни влијанија врз системот воопшто и врз граѓаните.

Засега „најдобри” се во образованието. Во тој ресор има најголема диcкpиминација. Поставија самоуверена и самобендисана „менаџерка“, која се „заигра“ со донесување на разно-разни стратегии и планови кои ги донесе врз основа на лични емоции и уверувања. Мила засега успешно создаде:

– ученици кои можат и кои неможат да следат настава;

– наставници кои можат и кои неможат да одржат настава;

– родители кои „штетат” и такви кои не „штетат” на своите деца;

– книжарници кои смеат и такви кои не смеат да ја обавуваат таа дејност;

– ученици кои смеат да учат од книга и такви кои не смеат.

И гордо гази по паради и сите треба да имаат разбирање за тоа во спротивно ќе бидат обвинети за диcкpиминација!

Во здравството е слична и исто трагична ситуација. Филипче успеа да направи поделба пред се на:

– вакцинирани и невакцинирани;

– граѓани кои имаат и такви кои немаат ограничено движење;

– граѓани кои мораат и такви кои немораат да почитуваат протоколи;

– угостителски објекти кои смеат и кои не смеат да работат;

– граѓани кои имаат право да се лекуваат и оние кои немаат;

И Филипче кренал глава гордо пред народ покажувајќи невиност за стореното.

Оливер и MВP посебна приказна. Таму поделбите се тековна работа. Но секогаш е тука спремен за соработка на сопартијците од другите ресори за да им помогне во создавањето на повеќе основи за диcкpиминација. Премногу се за набројување сите останати. Ако карактеристиката на еден поединец ја сметаат за релевантна во одредени третмани и бенифиции, тоа е доказ дека диcкpиминација им цвета во државава.

Само што во конкретниот случај станува збор за сериозно висок процент на граѓани чии карактеристики им се релевантни на власта при донесување на одлуките. Тие втор мандат трошат на секcyалната определеност! Со самото тоа што граѓаните одлучиле ваков тип на личности да седат во владини фотељи, докажале дека немаат предрасуди по ниту еден основ. Им дадоа шанса и им покажаа дека и тие имаат право, такви какви што се, да бидат власт.

Но, за жал ја прокоцкаа и шансата и надежта кај граѓаните. Повеќето од нив се изгубија низ владините ходници. Некои си ги лечат сопствените фрустрации врз граѓаните а некои ја искористија приликата за подобрување на финансиската состојба. Ама, народот си има власт која си ја заслужува!