
TУPЦИJA во инфлaциja, Epдoган пaѓa
Турција ги доживува најтешките моменти од доаѓањето на власт на пpeтcедателот Peџеп Taип Epдoгaн. Поради неговите погрешни политики и судир со CAД, Typција доживеа огромен пад на вредноста на лирата од 50%, а сега и огромна инфалција која секој ден ги осиромашува турските граѓани.
Epдoгaн во стилот на Xитлep, издава наредби кои никој не ги извршува. Веќе никој не го смета за сериозен. Тој сега најави дека ќе се обиде да ја потисне високата инфлација со отворање 1.000 нови пазари. Наводно тие треба да им обезбедат на граѓаните снабдување со стоки за широка потрошувачка по разумни цени. А цените веќе заминаа во плафон, народот не може да дојде до основни продукти.
Владата им нареди на земјоделските задруги да отворат околу 1.000 нови продажни места, чија изградба треба да започне наскоро, со цел да се снабдат граѓаните со „ефтина и квалитетна стока“ и „да се балансира пазарот“, рече Epдoгaн.
Наредивме да се отворат околу 1.000 вакви продажни места низ Typција, со минимална површина од 500 квадратни метри. Тоа се продажни места каде што цените се прифатливи за буџетите на нашите граѓани”, им рече Epдoгaн на новинарите по посетата на земјоделската кредитна заедница во Иcтанбyл. Со други зборови, Epдoгaн планира да отвори 1000 продавници за прехрана на сиромаси, како начин да спречи појава на огромно гладување во земјата и социјален бунт против него.
Фрустриран од двоцифрената инфлација и неговата намалена популарност, според анкетите, Epдoгaн повторно почна да покажува со прсти кон супермаркетите, отворајќи неколку истраги поради сомневања за потенцијално експлоататорски цени. Тој испрати инспекции до најголемите супермаркети поради „неразумни цени“ и „виктимизација на потрошувачите“, а отворија и истрага за цените на појадокот во рестораните во источната провинција Ван.
Потпретседателот Фyaт Oктaj рече дека повисокото производство на храна во руралните области е клучно во борбата против цените на експлоатација. Анкара посегна по слична мерка во 2019 година, по валутната криза и скокот на инфлацијата, отворајќи свои пазари каде што земјоделците продаваа зеленчук и овошје од сопствено производство по ниски цени. Владата на тој начин ги избрка трговците од продажниот синџир, кои беа обвинети дека ги зголемија цените, потсетува Pojтерс.
Зголемувањето на цените на храната за речиси 30 проценти, глобалниот скок на цените на суровините и остриот пад на лирата го поддржаа зголемувањето на инфлацијата во текот на целата година. Во изминатите пет години, стапката на инфлација беше главно двоцифрена и ја еродираше куповната моќ на домаќинствата во Typција.
Аналитичарите тврдат дека инфлацијата во Typција е висока, пред се поради оштетениот кредибилитет на централната банка. Epдoгaн ги отпушти последните тројца гувернери поради политички несогласувања, потсетуваат тие.
Под негов притисок, централната банка неочекувано ја намали својата клучна стапка за еден процентен поен минатиот месец, на 18 проценти, намалувајќи ја вредноста на лирата на рекордно најниско ниво.