
СКАНДАЛ: МВР поттикнува насилство, кој е министер
Сите сме информирани дека пред неколку дена во Скопје физички беше нападнат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Причина за нападот е постапката за одземање на лиценца на фирма која се занимава со снабдување со струја, на синот на Џафери со каменот од блиску.
Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во кафеана во Дебар Маало, а тоа ја вознемири јавноста и политичката сцена, поради замешаност на МВР во инцидентот.
МВР дирекно поддржува и поттикнува насилство, со оглед на кадарот кој таму работи. Зеглул Реџепи полициски инспектор во МВР, син на бившиот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи кој го прогласи короната за умрено, како човек на МВР повикува на насилство преку неговиот фејсбук профил и бара подршка за Арианит Џафери во врска со инцидендот со претсетадтелот на РКЕ Бислимовски.
“Земи згази му ја главата и кажи му со среќа земјата” сугерира инспекторот на СМРО на Оливер Спасовски.
“Многу има во оваа држава што го бараат истото како овој. Затоа кој се чувствува Албанец барам поддршка за Арианит Џафери..!!!”
Во МВР молк за повикот на нивниот инспектор. Оливер Спасовски како министер на СВРО, очигледно нема намера да преземе мерки против бандите во таа институција. Молчи и премиерот Заев. До кога ќе молчиме ние граѓаните на ваков бандитизам?