БАЈДЕН со нов амабасадор за „црна листа“

Uncategorized

Претседателот Бајден го именува дипломатот О’Брајан за спроведување на наредбата за детектирање и казнување на „непожелните“ на Балканот.

Претседателот Бајден го назначи познатиот дипломат Џејмс О’Брајан да ја спроведе во пракса неговата извршна наредба која предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за оние службеници од Западен Балкан кои продолжуваат да го дестабилизираат регионот, вршат корупција и ги поткопуваат демократските институции.

Новиот претседателски налог ја вклучува и Македонија и ги проширува критериумите за тековните закани по националната безбедност на САД и надворешно – политичките интереси во регионот, вклучувајќи опструкција на демократските и судските процеси, корупцијата и организираниот криминал.

О’Брајан ќе има амбасадорски чин и пред да ја преземе новата функција мора да биде потврден од американскиот Сенат. О’Брајан е запознаен со ситуацијата на Западен Балкан затоа што претходно работел во регионот. Од 1989 до 2001 година, О’Брајан служеше како висок советник на Државниот секретар Медлин Олбрајт и претседателски пратеник за Западен Балкан.

По преземањето на функцијата, тој мора официјално да ги спроведе одредбите за санкционирање, да ја спроведе „црната листа“ на американските санкции. Наредбата на Бајден е продолжение на наредбата од 2001 година на поранешната администрација на Буш, кои се сметаат за закана за националната безбедност на САД.

Со одлука на новата американска администрација, оваа наредба е проширена со вклучување на санкции против лица кои вршат корупција и ги поткопуваат демократските институции. Според Белата куќа, корупцијата директно ја поткопува надворешната политика и националната безбедност на Соединетите држави и нивните партнери и сојузници.

Стејт департментот им забрани на многу функционери од регионот да влезат на територија на САД, чии имиња се објавени или не. Белата куќа во консултација со Стејт департментот со назначувањето на г -дин О’Брајан ќе продолжи да ја ажурира листата на лица подложени на санкции според оваа наредба.

Процесот на создавање американски „црни листи“ прогласени за нон грата беше многу бавен процес. Во моментов се потребни до 10 години за едно лице да се најде на црната листа. Со назначувањето на г -дин О’Брајан за координатор, администрацијата на Бајден, според американските медиуми, несомнено сака работата да оди многу побрзо, да биде поквалитетна и поефикасна.