ЗАХАРИЕВА разочарана од Димитров, не се покажал

Забава

Исклучително сум разочарана од вицепремиерот на Република Северна Македонија за европските прашања, Никола Димитров, кој гостуваше на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур и одговараше на прашања од пратениците, објави на својот Фејсбук профил, поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

-Само јас од бугарките имав можност да поставам прашања поради недостаток на време.

Но Димитров не се покажа. Доколку им се дадеше можност на другите мои колеги од бугарската делегација, ќе станеше јасно дека не го бива! Веројатно премногу кратко траеше сесијата.

-Што го прашав Никола Димитров? – истакна Екатерина на нејзиниот профил.

Таа покрај разочараноста од Никола дека не го бива, го обвини и за притисокот и дискриминацијата врз граѓани од Македонија со бугарско потекло, изразени со закани, злосторства од омраза, посегање по луѓе и нивниот имот, како и говор на омраза од страна на нивните државни службеници. Значи Никола во немоќност да ја задоволи бугарската лепотица, станал агресивен и вулгарен.

Захариева за жали дека оваа неспособност на Димитров е дискриминација кон Бугарите, спротивно е на почитувањето на човековите права на сите граѓани, особено оние кои се идентификуваат како Бугари.

Вицепремиерот Никола Димитров вчера одговори дека во Македонија нема ниту еден единствен пријавен случај за дискриминација врз основа на бугарска националност, особено дека биле незадоволени.

Оттука, тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања ви се дел од домашна политичка битка или се резултат на некаков меур во кој сте и навистина верувате дека се врши некаква дискриминација. Македонија е мултиетничка држава и за разлика од други земји од регионот, ние се обидуваме сите да ги задоволиме.

Никола се колне дека направил се што можел, а што се однесува до говорот на омраза, тој одговорно тврди дека од страна на официјални државни претставници нема такви случаи.

Сите ние од Македонија искажуваме загриженост за незадоволството кај Захариева и ја повикуваме да се обиде со друг Македонец!