
ДОБPO УТРО од аматерката со Мила самoбендиcaната ceкcyалка
Самобендисана ceкcyалка
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Самобендисаната и самоуверена министерка за секcyално обpaзование Милa, повторно со заканувачки говор се обрати на јавноста! Овојпат со закана дека ќе му каже на Оливер за децата кои учат од печатени учебници, наместо од дигитални како што таа кажала!
А филмов и е Оливер да ги шета книжарите низ државава да “запленува” учебници и да казнува?! Сега и книжариве ќе ги цензурирате, што смеат, а што не смеат да продаваат?! Состојбава на министеркава станува алармантна! Секој родител кој се обидувал на своето дете да му наметне печатен учебник правел штета! Засега најнебулозната изјава на Мила.
Додека детските психолози и педагози будно ги следат промените во развојот на децата кои се појавуваат како резултат на се почесто користење на електронските уреди, таа ќе казнува за некористење на истите! Тие се едногласни во ставот дека кога детето чита (или му читаат) од книга, има повеќе простор да ги изрази своите чувства и емоции и на глас да го интерпретира личното доживување од прочитаното. Велат дека допирот како сетило е важен при изучување на светот кој нè опкружува. Електронските уреди ја намалуваат можноста на децата да го користат тоа како важно сетило во својот пат на учење и созревање.
Допирот со пишаната книга го поддржува тој процес кој е надополнет и со мирис и со можност за непосреден контакт. Детето само и многу поедноставно ќе си ја одреди динамиката на процесот на читање, па ќе се наврати страна наназад или ќе прескокне за да види што ќе се случи. Во светски рамки 15 отсто од децата се со забавен психомоторен развој, 20 отсто деца се со прекумерна телесна тежина, а 14 отсто се дијагностицирани со психијатриски растројства. Во постојана експанзија е и бројот на деца со аутистичен спектар на нарушување, како и деца кои покажуваат елементи на такво однесување. За разлика од пред 15 или 20 години кога децата поголемиот дел од времето го поминуваа надвор вклучувајќи се во најразлични активности, денешните деца, поточно денешните семејства се драстично различни, со многу поинаква поставеност и конципираност.
Но Мила сепак мисли дека таа е во право и дека само таа знае што е најдобро. Не сака да поверува дека употребата на електронските уреди може потенцијално да доведе до напрегање на очите, главоболка и заматен вид кај децата. Мила ти немаш мандат да одлучуваш за здравјето на сите деца во државава. Тоа можеш само за твоето дете. Ти неможеш и несмееш да ги ограничуваш родителите дали ќе купат за своето дете печатен учебник или не. А најмалку смееш да казнуваш. Дај прибери се, време е! Најди некое друго хоби кое ќе ти ги исполнува твоите недостатоци. Нашите деца не се заморчиња, па да експериментираш со нив. Ниту имаш такво право, ниту ќе ти го дозволиме тоа!