СКАНДАЛОЗНО ДОБРО УТРО од аматерката со Златен Дукат

Добро утро

ЗЛАТЕН Дукат

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Дали се кова “златен Дукат” по тертипот на “сребрениот Талир”!? Во Македонија нема случаи на висока корупција и многу уапсени функционери. Политичарите постојано ги обвинуваат противниците дека се корумпирани. Но, за една работа сите се сложни – кога станува збор за финансиското работење на партиите. Така “Талир” на СЈО, послужи само за политички црни кампањи на сегашната власт и ништо повеќе од тоа.

Слушавме доволно за тоа дека финансирањето било незаконско, од кое произлезе и кривичното дело перење пари преку наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превезот „донации“ и „членарини“. Но ништо не е поразлично во финансиските извештаи на СДСМ!

Списоци со околу 900 физички лица кои “донирале” на партиската сметка 5.352.000,00 денари. Некои правни и физички лица под превезот “попуст на услуга” инкасирале уште 1.500.000,00 денари! А вкупната заработка од чланарини за 2020 година им е 9.523.550,00 денари! За сумата од 4.852.000,00 денари не можеме да знаеме како е “заработена” бидејќи е запишана под “други приходи”! Само во 2020 на сметката на владеачката партија се слеани 21.227.550,00 денари само од различни физички и правни лица и е за 30% повеќе од 2019 година. Секоја наредна година оваа сума се наголемува.

Ако во “Талир” беа испрани 5 милиони евра за период од 6 години, со ваков “раст” од засега само 30% годишно, не само што ќе го стигнат, туку и ќе го заминат! Според претходното, оваа година треба да биде “по плодна”, па ако “кривата и натаму оди нагоре” за брзо ќе ја постигнат груевата заработка. Тоа ќе зависи и од локалните избори со оглед на тоа дека повеќето од “донаторите” се градоначалници од редовите на СДСМ.

Интересно е што повисоки “донации” инкасираат државни службеници, помлади соработници и функционери од пониските ешалони. Додека министрите и “големите” директори ретко се сретнуваат во списоците и тоа со незначителни суми. Антикорупционерите би требало да подразмислат дали на овој начин СДСМ ги “наплаќа” вработувањата и унапредувањата?

А дали Љупче ќе ни даде добар пример и ќе иницира постапки за потекло на имот на некои негови “донатори”?! И како ќе го објасни феноменот, помлад соработник во едно министерство да биде во можност да донира по 500 евра месечно на СДСМ, знаејќи дека платата за тоа работно место неможе да биде повисока од 300 евра?! Или директор на една клиника да донира по 1000 евра месечно?!

Па и градоначалниците од што ви живеат? Месечно донираат минимум 500 евра! А имате и такви со по 1000 евра! За фирмите и “попустите” во друга прилика. Доколку надлежните институции и понатаму се однесуваат “при очи слепи, а при уши глуви” ќе бидне втор Талир односно овојпат Дукат!