ЛЕВИЦА со страшен митинг во Скопје

Политика

Партијата Левица на големиот лидер Димче Апасиев организираше митинг во Скопје. На тој митинг се виде силата на членството на партијата. Страшен митинг е оценката на очевидците. Вакво нешто до сега не е сретнато во Македонија.

Имено, Левица има 45 кандидати за членови на Советот на Град Скопје, плус градоначалник. Од минувачите кои биле во Градски парк денеска, во времето кога лажните левичари го одржаа својот собир дознаваме дека бројот на присутни на „митингот“ на Левица кој започна околу 13 часот во сабота, 2 октомври, бил нешто помал од бројот на кандидирани советници и градоначалник. Присутни биле дури 40 граѓани, вклучително и кандидатот Камиказа со Димчето на чело. Веројатно, затоа нема фото албум или видео од настанот, туку само од подготовките.

На митинг не им дошле ни сите кандидати што се борат за фотелја во градскиот совет. А за кандидатите во другите општини и да не говориме. Тие не постојат.

Но сепак, храбриот другар и другарот олигарх Димче, не се предаде. Одржа велелепен говор самиот на себе, на кој најави дека сите ќе умреме, само тој ќе живее. Браво Димче, со тебе сме!

Но можеби системот им е да присуствува само по еден член од семејството од предложените листи. А можеби, едноставно, водат „камиказа“ кампања, кој ги знае.