СКАНДАЛ: Што се случува со Пописот ’21 година

Македонија

На само два дена до завршување на Пописот 2021 година, до тимот на МКДенес доаѓаат информации за скандалозно однесување на попишувачите на терен.

Илјадници граѓани останаа непопишани, од различни причини. Тоа не се луѓе кои одбиваат да се попишат после повиците за бојкот на попис од страна на Левица и Димче Апасиев, туку не биле посетени од попишувачи. Дел воопшто не се посетени, а голем дел добиле известување од попишувач дека ќе дојде да ги попише, без негов телефон за контакт, без термин кога тоа ќе го направи, а до овој момент не се појавил повторно.

И покрај повиците на политичките партии и МПЦ ОА, сепак состојбата е очајна во пописот на Македонци во дијаспората, каде не се попишале ниту 5% од нив. Очигледно македонската дијаспора нема никаква намера да се попише, за разлика од албанската која се попиша до последен човек.

Кој ќе биде одговорен за непопишани илјадници Македонци, кои не одбиваат попис и инсистираат да бидат попишани, но нема начин како тоа да го направат. Кој ги контролира попишувачите? Дали некој прави проверка на нивната работа?

Според информациите од самите попишувачи, доколку некои граѓани не се затекнати во нивните домови или одбијат да отворат, тие се попишуваат само како празни ненаселени куќи или станови.

Кој ќе одговара за неверодостоен попис спроведен од овој некомпетентен тим на Симовски?