
CKAНДАЛ: Откриено што Гpyeвски му нарачал на Mилe во бомбата за Вoднo
Голем скандал ја тресе македонската јавност, за што известуваат низа медиуми. Имено Груевски му нарачува на Миле Јанакиески измени во ДУП на Водно, објавено во бoмбитe на Заев, но не се знаеше точно за што. Сега се дозна што била нарачката!
Барокна куќа на Водно, на два ката, „распостелена“ на две парцели сакал да изгради поранешниот премиер и некогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Куќата требало да има бело-кремаста барокна фасада. Нејзината станбена површина според желбата на нарачателот требало да биде најголем објект кој ќе бил изграден над улицата „Питу Гули“ во резиденцијалниот дел на населбата Водно. Според планот таа требало да има пет спални и посебна соба за персоналот на куќата. Целиот објект ќе бил заштитен со висока ограда, а влезот во куќата ќе бил можен само од нова, засега неизградена улица која ќе ја поврзувала куќата со улицата „Салвадор Аљенде“.
Ова било желба на сега веќе избеганиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во 2014 година. Планот започнал да се реализира следната година. Но, планот на Груевски го расипува тогашната опозиција која во март 2015 година „пукна“ десетта „бoмбa“ според која во телефонски разговори помеѓу Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, тогашниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ нарачува промена на деталниот урбанистички план на Водно со цел да ја приграби земјата на ридот и да гради куќи, односно згради.
Тогашниот лидер на опозициската СДСМ, Зоран Заев ги обелодени и компаниите кои што ја купиле земјата, компании директно и индиректно поврзани со лица поранешната власт. Меѓу споменатите компании беше и фирмата „Кара“ и други две фирми, едната од Лугано во Швајцарија, а третата од Белизе во Централна Америка.
Во истрагата која ја започна некогашното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи и редовното, Државното обвинителство се откри дека лажна е сликата која за себе во јавноста ја оставал Груевски.
Груевски нема имот и е невработен, нема возило, има заштеда само од плата. Ваква слика експремиерот во бегство, Никола Груевски, градел повеќе од десет години, додека беше премиер во Северна Македонија. Но, во меѓувреме купувал имоти во Скопје и во Крушево со партиски пари, кои ги заведувал на туѓи имиња. Планот му бил на Водно да гради барокна куќа. Но, со јавното објавување на „бoмбитe“ многу скриени работи испливаа на површина – рече меѓу другото обвинителката Лиле Стефанова на рочиштето од судскиот процес за „Плацевите на Водно“.
Таа нагласи дека Груевски поседува имот кој за својот мандат го стекнал, но го запишувал на други имиња.
Според ОЈО, се започнало кога Груевски дознал за земјиштето, кое не сакал да се води на негово име, па побарал помош од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Подоцна, со помош на Ненад Јосифовиќ ја регистрираат фирмата „Сирах инженеринг“ во Македонија. За управител бил поставен кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски кој се потпишал на купопродажбата на земјиштето.
Во 2015 година земјиштето со измени во плановите од шума е пренаменето во градежно земјиште и се префрла фиктивно на „Орка Холдинг”. Орце Камчев не го купува земјиштето, туку уделот во „Сирах” за 1.350.000 евра, по што следи и договор на 1,5 милиони евра, но парите средствата не се исплатени.
Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и мајка му Ратка Куновска Камчева се обвинети за „перење пари“, а Сашо Мијалков е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“. Истрагата за „Плацовите на Водно“ беше отворена во октомври, минатата година.