БРАНКО на црна листа на САД

Изјави

Новинарот Васко Ефтов кој „бараше Бранко да се јави“, сега плаче зошто се појавил во МАНУ и направил хаос во земјава.

Ефтов коментира „само уште да напишеше БЦ дека во таа платформа треба да биде ослободен Јордан Орцe Камчев и сите “жртви” на членот 353, тогаш ќе беше апсолутно феличита атмосфера и тогаш одеднаш ќе немаше ни криминал, ни корупција, ни лоши договори со Грција и Бугарија.

Трето, Преспанскиот договор било нужно зло или избор на помалото зло, а договорот со Бугарија ја отворил пандорината кутија и биле поставени барање за кои или околу кои компромис не бил можен.

Која е тезата на Мицкоски за Преспанскиот и потенцијалниот договор со Бугарија? Исти се тезите на БЦ и на ХМ. Фала на прашање ама и адресата која ги става на маса тие тези е истата.

Уште да запука по Рамковниот договор и ете го БЦ ќе биде прв политички пензионер кој ќе се закуца на црната листа на Џо Бајден. Еднаш беше ставен на таква листа кога ги кршеа санкциите кон СР Југославија, потоа беше ставен кога јуришниците кои во тој момент важеа за блиски на него упаднаа во Амбасадата на САД, таа 1999 година. И едвај се спаси од тоа, па мораше да турка рамковен договор по секоја цена за да се врати на власт. Сега ќе биде трета среќа-Џо Бајден да биде гарант на неговата дооолга политичка пензија и неславниот крај на една голема политичка кариера.