ДOБPO УТPO од аматepката со Мypто и Кypто на локални
Извесни локални избори!
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Престојните локални избори се најизвесните што сме ги имале досега. Уште со самото промовирање на кандидатите и листите за советници јасно се гледа дека истите се така наштимани за да одговараат на пазарот од Мурто и Курто. Мурто за да избалансира револт, а Курто да избалансира удар. Оние малкумина што ја намирисаа шемата се спротивставија и тргнаа против нивната волја.
Максим кога намириса дека Курто нема кандидат за Куманово, туку некој актер што ќе глуми кандидат, сфати дека Мурто тука има добитна комбинација кој и да кандидира. Кога разбра дека не е тој, навреден реши сам против сите да си ја извојува битката. Е сега останува на Курто и Мурто да направат Анекс на договорот и да определат дали на актеров ќе му доделат и втора улога – градоначалник или ќе му го променат сценариото на улогата – кандидат, па ќе се обидат да го неутрализираат поразот што им следи.
За разлика од Мурто, Курто го поддржа кандидатот во Кавадарци па така ќе си ги пресмета на свое конто тие гласови. Во сите поголеми градови е истата шема. Онаму каде што е договорено да победи кандидатот на едниот, другиот кандидира кандидат – „немпетел“ и обратно. Помаливе ќе се задоволат со советнички места во прв круг, па за во некои општини во втор круг ќе им ги понудат за „откуп“ гласовите на Мурто и Курто.
Интересно е во Скопје. На Петре сеуште не му ја кажуваат вистината. Тој како да намириса нешто, ама доцна. Си размисли човекот и сфати дека на Мурто неможе да му се верува. Се развредни во последен момент, раскопа улици, фарба пешачки, оградува тротоари, ја растурка Универзална, ја „потона“ галијата и сето тоа во две недели! Епа нека види народ дека е тој вистинскиот избор!
Ама Петре, зашеметен од власт и од пусти страв да не ја изгуби, заборава дека не е се до народот. До шемата е! Овие што ги пуштија бре Петре, имаат намера да ти земат, а не да ти дадат гласови! Те пуштија низ вода…. туку барај ја Софија Куновска со време, да ги подопраите работите, овој Мурто сите ќе ве трампа.
Имено, ниту едниот ниту другиот ќе биде апсолутен победник. Секој пред своите ноќта еуфорично ќе ги чита неофицијалните резултати добиени од партиските штабови и ќе глуми водство! Овие што мислат дека го „сработиле“ резултатот ќе аплаудираат пред нив. Народот збунет, излажан, се спрема да ја прифати новата реалност, друго и не му преостанува.
А, доколку имавме вистинска опозиција во државава која ќе беше слободна (не на „краток ланец“) во предлагањето на кандидати (без обврска кон власта да ги аминува) ова ќе беа избори на кои ќе се случеше почетокот на падот на Мурто! За жал, тоа нема да се случи овој пат. Здравје, надежта последна умира нели. Ќе почекаме некои подобри времиња!