
ПУТИН ги изгуби изборите во Русија
Огромно мнозинство на руски граѓани од околу 56% не излегува на гласање на наместените избори од страна на мафијашките тајни служби на диктаторот Путин. Нема причина да гласаат, кога се знае дека без разлика за кого си гласал, на крај сепак за победник се самопрогласува Путин. Доколку ДИК се обиде поинаку, исчезнуваат нејзините членови, а политичките опозициони лидери или завршуваат во затвор или со куршум во глава.
Со цел да направи трик пред светската јавност дека излегле на гласање барем над 40% Руси, тој организираше лажна лотарија на која се доделуваа награди. Демек поради лотаријата, Русите се премислиле и излегле да гласаат и тоа баш за него. Цел свет се смее. Сите ги видоа празните избирачки места и едвај по некој случаен гласач, државен службеник или активист на партијата на вечниот диктатор.
Никогаш не било толку едноставно да се добие автомобил или гарсоњера во Русија – сто нови автомобили или 20 станови беа наградата на лотаријата што викендов ја организираа московските градски власти. Единствен предуслов за учество: да се гласа онлајн за една од 14-те партии кои учествуваа на изборите за идниот состав на руската Дума.
„Еден милион награди” беше името на програмата која требаше да привлече што повеќе Московјани да гласаат. И портпаролот на Кремљ, Димитри Песков учествуваше и за добар ПР доби 10 илјади рубљи, односно 115 евра. Смее да ги потроши во супермаркет за намирници.
И покрај тоа што никој не излезе на гласање, сепак Путин одлучи да прогласи околу 45 проценти излезноста и успешни избори, на кои секако победил тој со мнозинство. Наводно имал помалку гласови, но сепак победил со доволно пратеници, за по „стоти пат“ да му го продолжат мандатот за претседател надвор од Уставот на Русија.
Покрај великодушната томбола, Изборната комисија воведе и неколку новини: можеше да се гласа три дена по ред, и онлајн. Тоа изгледа се покажа корисно за многумина по наглиот пад на температурите во Москва. И шефот на Димитри Песков, претседателот Владимир Путин, кој моментално е во самоизолација поради појавата на корона во Кремљ, гласаше онлајн.
Со тоа Путин испрати порака дека научил да работи на компјутер, покрај тоа што знае да вози кола, авион, подморница, сателит, воз, тенк, брод, коњ, магаре, мечка, свирии клавир, игра балет, знае џудо и карате, пука со се на светов, игра сите спортови и сл. ствари.
Секако по делумното пребројување на гласовите изгледа дека токму партијата на Путин „Обединета Русија” повторно и на ничие изненадување излезе најсилна меѓу 14-те партии кои се кандидираа за изборите. А сите останати 14 партии се исто така на Путин. Оние кои не беа, се забранети или откупени, а лидерите убиени. Замислете од до сега изброените гласови таа има поддршка од 49,6% од гласачите, што е значително под нивото од пред шест години. Но, дополнително на овие мандати се сметаат и директно избраните по окрузи со кои Путин веројатно и овој пат ќе има апсолутно мнозинство во Долниот дом.
За шефот на Кремљ тоа е многу важно, вели политикологот Илја Грашенков. Тој објаснува дека улогата на новиот состав на Думата е да даде поддршка на Путин до следните претседателски избори во 2024 и тој пак да биде свечено и случајно од народот избран за нов претседател на Русија. До тогаш тој ќе мора да одлучи дали по 22 години како претседател, со четири години прекини како премиер, ќе продолжи и понатаму или ќе назначи наследник. Демек Путин многу ќе размислува и на крај пак ќе одлучи да биде он претседател, после тежок конфлик со самиот себе.
Многу граѓани по кратењата поради корона се економски заслабнати и затоа реагираат надразнето на секакви политички одлуки. Но никако не се очекуваат протести против овие прекрасно организирани избори без избор, зашто ќе добија „по њушку“. Тоа што партијата на Путин е значително понепопуларна отколку пред 10 години, тоа не е важно. Нема никој што би можел да ја обедини опозицијата, зашто сите опозициони лидери се или убиени или во затвор. Тука се мисли пред сѐ на опозиционерот Алексеј Навални, кој е во затвор без обвинение, но ниту тој, ниту неговите соборници не можеа да се кандидираат на изборите оваа година. За следните години Господ здравје, ќе размисли демократот Путин дали ќе им дозволи или до тогаш ќе ги убие како останатите.
Политичкото движење на Навални беше оквалификувано како екстремистичко, мажи и жени од неговото опкружување мораа да избегаат во странство. Тоа што остана е стратегијата на Навални за „паметно гласање”. Гласачите притоа требаше да гласаат за оние опозициски политичари кои имаат најголеми шанси за на тој начин да ја заслабнат позицијата на „Обединета Русија”. Но такви нема на гласачките ливчиња. Сите се „одобрени“ од големиот Путин.
Секако немаше и независни западни набљудувачи да проценат колку фер и слободни биле овие избори. Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ одлучи да не испрати набљудувачи откако Москва реши значително да ја редуцира мисијата – наводно поради корона пандемијата. Домашните набљудувачи на независната организација „Голос” известуваат за над 3000 случаи на изборни нерегуларности.
Еден од првите луѓе на „Голос”, Виталија Анверин вели: „Овие избори не може да се наречат ниту демократски, ниту слободни. Ова се најнефер избори во последнава декада. “Анверин нагласи дека најголемата изборна манипулација веќе се случила однапред – на ниту еден од навистина опозициските и независни кандидати не му беше дозволено да се кандидира“.
Централната изборна комисија ги регистрираше и нерегуларностите на изборите за Думата. Другарката на Путин, госпожа Ела Памфилова, претседателката на ЦИК е категорична дека изборите никогаш не биле потранспарентни.
„Можете да се жалите за нас колку сакате, но напорите на моите колеги во последниве шест години резултираа во тоа сите тајни трикови да се дознаат.”
Централната изборна комисија, ЦИК вети дека ќе ги истражи сите инциденти. Но, тие нема да влијаат никако врз крајниот изборен резултат, кој не смее да биде поинаков освен победа за Путин.