ВАЖНО: Која е новата стратегија на CAД

Свет

Американскиот претседател Џо Бајден ја промовираше новата стратегија на САД во меѓународните односи. Многу повеќе силна дипломатија, многу помалку војска, е едноставен опис на она кое го истакнува претседателот.

Тој во денешниот говор во ОН истакна дека е неопходно да се префрли фокусот на американската политика од антидемократските системи и да се фокусира на глобалните предизвици како пандемијата со Ковид-19 и климатските промени.

-Завршивме дваесетгодишен конфликт во Авганистан и ера на немилосрдна војна, отвораме нова ера на немилосрдна дипломатија, рече Бајден, појавувајќи се на Генералното собрание на ОН за првпат како претседател.

Бајден ги истакна националните интереси на САД, но рече дека мисијата мора да биде јасна и остварлива и дека американската војска не смее да се користи како одговор на секој проблем што го гледаме во светот.

Тој е сигурен дека ќе има доволно аргументи да увери дека САД остануваат доверлив сојузник на своите партнери ширум светот по долгогодишната политика „Америка на прво место“, предводена од неговиот претходник од Републиканската партија, Доналд Трамп.

Бајден рече дека светот се соочува со решавачка деценија и дека справувањето со различните предизвици ќе зависи од нашата способност да признаеме дека сме дел од заедничкото човештво.

Тој рече дека земјата, наместо да продолжи да се бори во војните од минатото, треба да ги разгледа предизвиците како што се глобалната пандемија, справување со климатските промени, кибер заканите и управување со промените во „глобалната динамика на моќ“.