РУСИЈА: Се распаѓа армијата на Путин

Технологија

Завршената здружена воена вежба на војските на Русија и Белорусија „Запад 2021“, реализирана во стратешки формат, ги покажа сите слабости на руската армија. Беа забележани различни модели на борбена техника како во копнените, така и во воздушните сили на армијата, кои припаѓаат на минатите векови.

Така, на железничка композиција на елитната 4-та гардиска тенковска дивизија беше забележана и модернизирана верзија на основниот борбен тенк Т-80УМ2, кој беше во употреба пред 100 години. Русите единствено што успеале е да стават значително зголемена оклопна заштита.

Самиот факт што елитната гардиска тенковска единица на Путин, има опрема од минатиот век, зборува за очајната состојба во целата руска армија. Ако елитните единици имаат стара опрема, што останува за останатите, коментираат воените експерти.

Значајно е да се напомене дека белоруската армија од своја страна е со уште позастарена опрема и стратегиски комуникациски системи од руската. Тие се ранливи за сите поедноставни западни инструменти за спречување на непријателска комуникација, а не за најсовремените. За нив се лесен залак, сметаат современите ИТ инженери.