БУГАРИЈА во очај, следува инспекција
ЕУ ја прогласи Бугарија за најкорумпирана замја во рамки на Унијата, земја во која нема слободни медиуми и ја суспендира од процесот за вклучување во еврозоната. Тоа означува дека Бугарија ќе си продолжи со левчета и нема да има Евро како официјална валута.
Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент соопшти дека нејзини претставници ќе отпатуваат во Бугарија на 23 и 24 септември за да ја анализираат состојбата во државата со слободата на медиумите и со корупцијата.
Во Бугарија ќе бидат седуммина европратениците кои ќе се сретнат со претставници на граѓански организации, високи државни и владини претставници, народниот правобранител и главниот обвинител, се вели во соопштението.
Се очекува европратениците да покренат прашања поврзани со владеењето на правото. В петок тие ќе имаат прес -конференција во претставништвото на ЕП во Софија.