
ЛУДИЛO ПOПИC: Или 7% Тypци или ништo
Тypcката заедница во Македонија нема да го признае пописот, доколку по завршувањето на пописот и објавувањето на резултатите, бројот на граѓани кои се изјасниле како Тypци изнесува помалку од седум отсто, изјави Емин Хycрев од координативното тело за попис на Тypците во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.
„Според анализите направени во март годинава, коишто се базираат на сознанија од терен, анализи, анкети направени од НВО, според избирачкиот список и анализите на Светска банка, анализи на ДЗС во врска со процентот на наталитетот на Тypците, ние како заедница тогаш усвоивме декларација во која меѓу другото потенциравме дека нашата заедница не може да биде помалку од седум отсто и не признаваме бројка помала од овој процент“, рече Хycрев.
Тој наброја и неколку други забелешки за текот на пописот, како што е апликацијата која што е на тypcки, но одговорите се на македонски јазик. Тоа, според него, влевало сомнеж кај тypcката заедница дека резултатите ќе бидат релевантни. Тој реагираше и на бројот на попишувачи, велејќи дека требало да ги има 206, кои би биле задолжени за попишување на тypcката заедница. Во моментот фалеле околу 75 попишувачи. Хycpев најави дека ако надлежните не ги отстранат тие недостатоци, можно е и да го бојкотираат натамошниот тек на пописот.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој заедно со Хycpев беше гостин во на Канал 77, во врска со бројката која што ја очекува тypcката заедница, изјави дека треба да се остави пописот да заврши и да се видат резултатите.
Дај нека каже пописот колку сме и што сме, рече Симовски.
Во врска со апликацијата која што е на тypски јазик, а одговорите на македонски, Симовски одговори дека така е со апликациите за сите заедници.
Онаму каде што се користат податоци од базите, не можеме да ги преведуваме затоа што станува збор за огромни бази на податоци и одговорот доаѓа само на македонски јазик, додаде директорот на ДЗС.
Што се однесува до бројот на попишувачите, тоа е така, зошто толку и се пријавиле на објавениот оглас, кој наместо 10, траеше 40 дена.