ОТВОРЕН Балкан се распаѓа, Косово во хаос

Балкан

Отворен Балкан пука по шевови, повторно судир на Срби и Албанци, Косово во вонредна состојба. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста по повод настаните на северот на Косово.

„Ова е еден од најтешките денови за нашиот народ во северно Косово. Синоќа знаевме дека Приштина планира акција на своите специјални сили на север, дека утрово, нешто по шест часот, тие сили беа распоредени на север, изјави претседателот на Србија“, Александар Вучиќ.

„Ова е шести пат како овие сили го напаѓаат северот, над 350 припадници, со снајперисти кои требаше да ги покријат куќите на младите Срби кои ќе се спротивстават“, нагласи претседателот на Србија.

Тоа е еднострана акција, без договор со никого, освен можеби со нивните ментори, додаде претседателот на Србија.

„Никој не разговараше со нас за тоа, иако ги предупредивме да не го прават тоа“, вели Вучиќ.

Привремените институции во Приштина почнаа да применуваат мерки за реципроцитет и да ги отстранат регистарските таблички од централна Србија, барајќи од возачите да стават тест таблички издадени во Приштина.

Тоа го направија со распоредување на силни специјални сили на косовската полиција, РОСА, што ги вознемири Србите.

Граѓаните ги блокираа административните премини, а косовската полиција фрли солзавец.

После овој скандал, на сите ни е повеќе од јасно дека Отворен Балкан е невозможна мисија, а Македонија само ќе биде оставена надвор од ЕУ поради туѓи проблеми и интереси!